Соработка на УГД и Универзитетот во Омск, Русија

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Високата бизнис школа на Државниот педагошки универзитет во Омск, Русија, потпишаа Договор за соработка. Договорот го потпишаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и директорот на Високата бизнис школа во ОМСК, Власов Роман Генадиевич.

Соработката меѓу нашите универзитети е дел од добрата соработка што ја имаат Руската Федерација и Република Македонија. Соработката ќе биде во делот на образованието, со аспект на бизнис образованието и практичниот консалтинг. Во последно време, соработката помеѓу Руската Федерација и Р. Македонија се развива доста успешно. Дел од оваа соработка ќе биде и заедничка меѓународна конференција која ќе се одржи наредната недела на Економскиот факултет на УГД. Првпат сум на УГД, сум бил досега на универзитети во Хрватска и во Србија. За УГД погледнав претходни информации од веб-страницата и сметам дека е еден од најуспешните универзитети во Западен Балкан, кој многу динамично се развива. Мислам дека ќе имаме одлична соработкаизјави Власов Роман Генадиевич

За ректорот Боев потпишувањето на Договорот за соработка е последица на тоа што е договорено за време на посетата на амбасадорот на Руската Федерација на УГД:

Соработката со Универзитетот во Омск е во областа на економијата и бизнисот, се организира една значајна меѓународна конференција која од понеделник ќе се одржи на Економскиот факултет. Меѓународната соработка е високо позиционирана во агендата на Универзитетот и таа и понатаму ќе биде нагласено присутна, бидејќи како универзитет не е добро да се затвориме, туку мора да бидеме отворена структура за сите кои доаѓаат од кој било дел од светот, а посебно со оние земји кои се економски силни, моќни, бидејќи ние како држава треба да имаме такви соработки, а и Универзитетот да има таква соработка на план на образованиетоизјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев

Последен пат изменето на Петок, 27 Мај 2016 13:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…