Одбојкарките на „УГД“ шампиони во младинска конкуренција

Одлична сезона за одбојкарките на ОК „УГД“ – во сите конкуренции се најдоа на врвот! Потврдата за одличната сезона стигна во неделата (29 мај), кога на Фајнал фор турнирот во младинска конкуренција младинките на ОК „УГД“ триумфираа и го освоија првото место во државата. Финалниот турнир се одржа во Универзитетската спортска сала „Јордан Мијалков“, во одлична организација на УГД.

Во полуфиналето, одбојкарките на „УГД“ беа подобри од „Бами кор“ од Тетово, победувајќи со 2:0 во сетови, за во големото финале да се надминат себеси и да остварат голема победа од 3:1 над фаворизираниот состав на „Јанта волеј“ со 3:1. Триумфот на младинките беше само печат на успесите што претходно ги постигнаа и пионерките, кои го освоија второто место, како и кадетките кои беа третопласирани во својата конкуренција.

Последен пат изменето на Понеделник, 30 Мај 2016 15:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…