Уметничката пролет на УГД заврши со спектакуларниот концерт на Васил Хаџиманов бенд. Во преполната сала на Мултимедијалниот центар викендов се слушаа звуците на модификуваниот џез ритам на извонредниот пијанист Васил Хаџиманов, следен од неговите колеги од овој бенд – Мирослав, Бојан, Бранко и Предраг. Примарно беше промовиран последниот албум на Васил Хаџиманов бенд, шести по ред, под наслов „Alive“, но и постари композиции. Публиката беше и повеќе од задоволна. По завршувањето на концертот публиката имаше можност неформално да се дружи со целиот бенд и да добие автограм на најновиот албум на Хаџиманов бенд.
Со овој концерт заврши циклусот Уметничка пролет на УГД, проследена со концертите на Петрит Чеку заедно со Антонијо Китановски и Ема Попивода, Влатко Стефановски со Мирослав Тадич и Васил Хаџиманов бенд.
Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Музичката академија и Спортскиот и културен центар не запираат во збогатувањето на општествениот живот на студентите и воопшто на сите луѓе, следете нѐ има уште многу нови проекти кои допрва ќе се реализираат.