Студентки од УГД – добитнички на стипендии на ДААД за престој во Германија

Роберта Костадиновска и Николина Лукароска се студентки на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип на кои им беше доделена стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена). Оваа стипендија ќе им овозможи на студентките да посетуваат јазичен курс во Германија во времетраење од еден месец. Тие имаа можност сами да го изберат курсот и универзитетот, па така студентката Роберта Костадиновска се одлучи за Слободниот универзитет во Берлин (Freie Universität Berlin), додека, пак, студентката Николина Лукароска ја одбра Рајнско-Вестфалиската техничка виша школа при Универзитетот во Ахен.

ДААД стипендијата им нуди можности на студентите од Македонија да го изучуваат германскиот јазик на некој германски универзитет или институт. Со стипендијата се покриваат целокупните трошоци на студентите за време на престојот, а програмата на курсот нуди организиран број на часови, изучување на германскиот јазик преку проекти, најразлични дискусии на одредени теми, читање на германска литература, изучување на германската култура преку организирани екскурзии и посета на знаменитости. Изучувањето на германскиот јазик во матичната земја претставува голема можност за студентите од Катедрата за германски јазик и книжевност, но и за сите останати студенти од други катедри кои имаат желба да стекнат поголеми знаења за германскиот јазик, како и за други научни и технички области.

Аплицирањето се врши секоја година во ноември, а само најдобрите студенти од државата ја добиваат стипендијата.

Последен пат изменето на Вторник, 07 Јуни 2016 15:56
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…