Факултетот во Воронеж за УГД донираше руска литература

Повеќе од 50 наслови на руска литература денеска беа донирани на Филолошкиот факултет при УГД. Претставници од Универзитетот во Воронеж истакнаа дека овие изданија би можеле да се користат во наставата.

Овде има материјали за руска и словенска филологија, зборник на трудови од конференцијата „Книгата во современиот свет“. Има и ненаучни изданија, како што е Зборникот на поезија кој ние го издаваме заедно со ваши колеги. Ова е само еден дел од нашите активности и ве покануваме сите да учествуватеистакна претставничката од Универзитетот во Воронеж, Софија Заболотнаја

Сите книги се на руски јазик и би можеле да им помогнат на студентите во изучување на рускиот јазик.

Се надевам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката што ја има овој факултет со руските универзитети. Амбасадата ќе помогне за зголемување на фондот на научната библиотека. Мислам дека сте во тек, УГД многу се залага за соработка со водечките универзитети во Русија и тоа директно влијае врз вас, бидејќи станува збор за студентска размена, а тоа значи дека можете да ја посетите Русија и обратно. Имате можност за комуникации и запознавање со Русија и руските студенти. Со тоа, се надевам, вие ќе создадете една позитивна слика за Русија. Им посакувам на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Филолошкиот факултет да ја продолжат соработката што веќе е започната. Тоа е голем старт и ќе продолжиме и понатамуистакна аташето за култура во Амбасадата на Русија во Македонија, Михаил Лушин

На доделувањето на книгите присуствуваа и студенти кои учат македонски јазик во Русија и тие имаа можност да се запознаат и да разменат меѓусебни искуства со студентите од УГД.

Последен пат изменето на Четврток, 09 Јуни 2016 15:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…