Со заокружувањето на уште една академска година и во пресрет на уписите за наредната 2016/2017 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на еден технолошки современ и креативен начин, во педесетина секунди, ги нуди можностите за сите оние кои ќе се одлучат својата иднина да ја препознаат токму на УГД. Станува збор за видеоспот кој нуди јасна презентација на којашто можат да се видат сите можности и условите во кои студираат актуелните студенти или на каков начин ќе студираат оние кои годинава ќе се одлучат да станат дел од овој Универзитет.

Преку квалитетна видеореализација од авионски кадри можат да се видат огромните кампуси во кои се одвива наставата, модерната инфраструктура и информатичката технологија која им е на располагање на студените. Во спотот се гледаат современите лаборатории во кои практицираат студентите и врвната технологија што им е на располагање. Спотот ја раскажува и приказната за најсовремената судница за вежби на студентите на Правниот факултет и огромното заедничко ателје на Ликовната академија. Во видеоспотот се и студентите на новинарство кои го учат новинарскиот занает во современото телевизиско и радио студио, како и најрепрезентативната зграда во градот – Ректоратот на УГД.

Спотот го означува и почетокот на кампањата што ја прави Универзитетот за упис на студенти, а Конкурсот за упис на нови студенти веќе е објавен на веб-страницата. 

 

Последен пат изменето на Среда, 15 Јуни 2016 15:03
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…