(Видео) Започна Кошаркарскиот камп за млади на УГД

Кошаркарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска го отвори првиот Камп за млади кој ќе се одржува четири дена во Штип. Голем број на млади луѓе се вклучени во овој камп со цел да ги учат вештините на кошарката од едни од најдобрите тренери и кошаркари во Македонија.

- Сакам да искажам задоволство што добив покана да бидам тренер на кампот што се спроведува овде во Штип. Драго ми е што се прават напори да се врати кошарката во Штип, иако знаеме дека Штип и претходно имал добра кошарка. Бидејќи бев долгогодишен тренер на школата на Работнички. Работата со млади е многу тешка, но неопходна работа за да се развие кошарката. Штип минатата година имаше некој обид за да ја развие кошарката. Ова е добра работа, но во секој случај му е потребна поддршка - истакна Панче Милевски, долгогодишен тренер на КК Работнички, поранешен селектор на Сирија, кој во моментов работи во КК Денизли во Турција.

Тренерот Милевски денес беше дел од тимот кој ќе ги тренира сите пријавени млади луѓе. Во текот на четирите дена ќе се променат повеќе од пет тренери, сите еминентни кошаркарски имиња.

- Ќе имаме вкупно осум тренинзи на кои ќе присуствуваат еминентни тренери и имиња во нашата кошарка. Тренерите Милевски, Спасев и Влатко Мирковски. Тука се и репрезентативците Бојан Трајковски, Дарко Соколов и Александар Костовски кои би можеле своето искуство да им го пренесат на овие млади генерации кои се надеваме дека еден ден ќе тргнат по нивните стапки - истакна Петар Петковски, кој е дел од организацијата на овој камп.

Кампот започна денес, а на него се пријавени околу 40-тина млади луѓе кои до недела ќе имаат тренинзи по двапати во денот. Сите тренинзи ќе се одржуваат во внатрешниот и надворешниот дел на Спортската сала „Јордан Мијалков“.

Последен пат изменето на Четврток, 23 Јуни 2016 15:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…