„Студирањето не е само наставата и времето поминато на факултет. Универзитетот „Гоце Делчев“ ви нуди можности за артикулација на вашите интереси, мотиви, желби, хобија, преку универзитетските и студентски центри, како што се Универзитетскиот спортски и културен центар, Универзитетското радио и ТВ, библиотеките и уште многу други можности што можете да ги креирате со вашите колеги. Ќе ја имате секогаш поддршката за идејата во која верувате и за којашто сонувате“, се обраќа ректорот Боев кон студентите.
Комплетното интервју, во пресрет на првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 15, 16 и 17 август, можете да го прочитате во јунскиот број на весникот „Матурант“, кој информира за можностите за студирање на високообразовните институции во Македонија.