УГД на трибина за соработката на високото образование и стопанството

Во пресрет на првиот уписен рок за запишување на студенти во академската 2016/2017 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на промотивен настан, кој го организираше Советот на млади – Кавадарци.

Универзитетот, заедно со Агенцијата за вработување на Македонија - Центар за вработување во Кавадарци и компании од Кавадарци понудија дополнителни информации за можностите што ги нудат за учење, стипендирање, практична работа, но и дефицитарноста на професионален кадар со кој се соочуваат. На трибината, која се одржа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, како претставник на УГД се обрати проректорот за настава, доц. д-р Кирил Барбареев, кој говореше за позитивните искуства од досегашната соработка на Универзитетот со стопанскиот сектор, можноста студентите практичната настава да ја одржуваат во фирмите со кои има соработка, а со тоа и можноста полесно да се дојде до работа по завршувањето на студирањето.

Кавадарчани имаа можност да се запознаат со студиските програми, можностите и условите за студирање на УГД и преку штанд што беше поставен пред Домот на културата, каде што можеа да ги добијат сите потребни информации.

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Август 2016 15:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…