- Она што можеби е добро да се потенцира во овој момент е дека кандидатите кои имаат електронска пријава, исто така, мораат лично да дојдат за да ги поднесат документите за проверка и евиденција. Интересот е голем на Факултетот за медицински науки и на останатите факултети. Економскиот факултет има околу 70 кандидати, Електротехнички факултет 50, Земјоделски факултет 32 кандидати, Машински факултет 15 кандидати, Музичка академија 15, Правен факултет во Штип 50, Технолошко-технички факултет 20, Факултет за информатика 55, Факултет за медицински науки 305, Факултет за општествени науки 26, Факултет за природни и технички науки 59, Факултет за туризам и бизнис логистика 132 и Филолошки факултет 50 кандидати - истакна проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев.
Голем дел од кандидатите се пријавуваат електронски. Досега се пријавиле и кандидати од Србија и од Турција, а се очекуваат кандидати и од други европски и светски држави.
Сите информации кандидатите можат да ги добијат од веб-страницата на УГД, а уписите продолжуваат до крајот на оваа недела.
Видео