Македонија низ искуствата на загрепската минералошка школа

Во пресрет на столетието на хрватско-македонската минералогија, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Хрватскиот природонаучен музеј организираат изложба со наслов „Македонија низ искуствата на загрепската минералошка школа“.

Изложбата ќе биде отворена на 29 септември 2016 година (четврток), во 12 часот, во изложбениот салон на МАНУ во Скопје. Пригодна реч на отворањето на оваа изложба ќе има претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, а обраќања ќе имаат и ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, академиците Глигор Јовановски и Владимир Берманец, како и проф. д-р Владимир Зебец.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…