Соработка со Центарот за меѓууниверзитетска соработка во Свиштов, Бугарија

Претставник од Центарот за меѓууниверзитетска соработка на Стопанската академија „Димитар Апостолов Ценов“ деновиве е во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“. Мартина Ѓорѓиева од Академијата во Свиштов, Бугарија, вели дека целта на посетата е воспоставување на соработка меѓу двата универзитети.

Во принцип вработените од центрите за меѓууниверзитетска соработка ги посетуваат другите центри и воспоставуваат цврсти врски со цел да им овозможат на останатите студенти и вработени да одат на размена. Целта е да воспоставиме подобри врски со универзитетите за да има размена. Ќе имам средба со професорите од Економскиот факултет и од Земјоделскиот факултет и таму ќе стане збор за конкретните соработки. Со оглед на тоа дека ние сме само Стопанска академија можеме да воспоставиме соработка со Економскиот факултет, но имаме и оддел Земјоделска економија, па можеме да соработуваме и со Земјоделскиот факултетвели Мартина Ѓорѓиева од Академијата во Свиштов

Ѓорѓиева вели дека досега немало интерес од страна на бугарските студенти за престој во Македонија, но дека со потпишувањето на договорот и воспоставувањето на соработката тоа ќе се промени.

До сега нема некој интерес кај нашите студенти, но со воспоставување на соработките можеме да ги насочуваме студентите на Еразмус посети во Македонија и во таа насока се и овие посети кои ги правимевели Ѓорѓиева

Академијата од Бугарија годишно на Еразмус размена испраќа околу 20 студенти, а од минатата година се дел од програмата за испраќање на студенти и надвор до Европската Унија, па и таму има голем интерес. Според зборовите на Ѓорѓиева овие посети значително ќе ги зајакнат врските меѓу двата универзитети и се очекува во многу скора иднина да произлезат заеднички активности.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…