За таа цел двете институции потпишаа Договор за соработка, со кој е предвидено да се реализираат заеднички истражувања, образовни и научни проекти во глобалната научна и образовна средина, напредни обуки на наставно-научниот кадар, дополнителни образовни програми за возрасни кои третираат образовни и научни проблеми. Во имплементацијата на Договорот е предвидена размена на предавачи и студенти и организирање на посети на професори, организирање на работилници и пракса за административен и наставно-научен кадар, заеднички научни конференции, семинари, дебати, трибини, промоција на истражувањата во Русија, Р.Македонија, Европската Унија и други држави.
Договорот за соработка го потпишаа деканот на ФОН, проф. д-р Соња Петровска, и директорот на РАО (во чиј состав работи и Академијата за психологија и педагогија во Ростов), професор И.В. Абукамова.