Мотото на годинашното одбележување на овој ден е „Туризaм за сите: лица со хендикеп, стари лица и семејства кои патуваат со мали деца“, а официјалната прослава на светско ниво се случува во Бангкок, Тајланд.
По повод овој празник на туристичките работници, Министерството за економија на свечена прослава организирана во просториите на Скопскиот саем им додели признанија на 50 најуспешни претставници од туристичкиот сектор, во 6 категории и неколку подгрупи.
Господин Беким Хаџиу, раководител на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија на Република Македонија, му врачи Признание за соработка во областа на туризмот во 2016 година - категорија Факултети на продеканот на ФТБЛ, доц. д-р Дејан Методијески.