Студентите од УГД со одлични резултати на меѓународниот ден на универзитетски спорт

По повод 20 септември - меѓународниот ден на универзитетски спорт се одржаа натпревари во шах и стрелаштво во организација на Универзитетската федерација на Македонија, каде што учествуваа и студенти на УГД.

Студентите се покажаа во одлично светло и ги постигнаа следниве резултати:

- Државно универзитетско првенство во шах за студенти и студентки во поединечна конкуренција

1. место Балов Дарко - УГД

12. место Саздов Игор - УГД

- Државно универзитетско првенство во спортско стрелаштво со воздушна пушка за студенти и студентки во поединечна конкуренција

4. место Колевски Сашко - УГД

7. место Пејев Филип - УГД

13. место Саздов Игор - УГД

4. место Петрушевска Ангела - УГД (во женска конкуренција).

Спортските натпревари се одржаа во Скопје, во организација на Универзитетската федерација на Македонија. Студентите на УГД беа предводени од професорите по спорт и рекреација м-р Љупче Нехтенин и Ване Барбареев.

Во наредните месеци продолжуваат универзитетските лиги во кошарка, одбојка, пинг-понг, мал фудбал и шах.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…