-Многу сме среќни што денес сме во Штип и ова е последниот дел од турнејата низ Македонија. Знам дека овде постојат многу луѓе кои изучуваат германски јазик и кои го познаваат јазикот. Филмовите ги прикажуваме во десет градови, меѓу кои и Штип. Многу сме му благодарни на Универзитетот „Гоце Делчев“ што во изминативе години се дел од овој проектистакна Хелга Тајпел
Годинава на репертоарот ќе се најдат филмовите:
31.10.2016 – 20 часот – Мед во главата (трагикомедија)
1.11.2016 – 20 часот – За една девојка (комедија – драма)
2.11.2016 – 20 часот – Државата против Фриц Бауер (историја/драма)
3.11.2016 – 17 часот – Куќата на крокодилите (детски филм)
3.11.2016 – 19 часот – Хердер – Помеѓу два света (историја/драма)
4.11.2016 – 20 часот – Тура на животот (трагикомедија)
Неделата на германски филм се одржува во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет), во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија, Прокредит банка и Универзитет „Гоце Делчев“.
Детали за сите филмови можете да најдете тука - filmfest 2016.
Отворена Неделата на германски филм