(Видео) Лекар од САД одржа предавање пред студентите на УГД

Проф. д-р Брик Лендс, ортопед од САД, денес одржа предавање пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД. Д-р Лендс истакна дека денешното предавање е од областа на медицината и дека знаењето што го поседуваат студентите е на задоволително ниво.

- Импресиониран сум од лекарите ортопеди. Праксата е различна. Во САД, главно, е приватно осигурување и праксата е малку поразлична. Овде можеби недостасува опрема. Во ортопедијата ние користиме многу опрема и затоа опремата е многу важна. Исто така сум импресиоран и од студентите. Им поставував навистина тешки прашања и тие ги имаа одговорите. Во медицинското образование се учат многу факти, но она што е важно е како да се размислува. И можам да кажам дека македонските студенти имаат одлична можност да размислуваат, а не само да ги знаат фактите вели д-р Брик Лендс.

Студентите на медицина, исто така, се многу задоволни од тоа што нивни предавачи се најреномираните професори од оваа област.

- Ова за нас студентите значи многу. Многумина од нас можат да се здобијат со големи знаења од областа во ортопедијата и плус ќе го зголемат целокупното свое знаење од областа на медицината изјави Стефан Ташков, студент на Факултетот за медицински науки при УГД.

Професорот Лендс е дел од проектот за размена на американски лекари со нивни колеги од Македонија, со цел да се разменат искуства и знаење.

Видео

Последен пат изменето на Четврток, 03 Ноември 2016 13:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…