(Видео) Студентите на ФТБЛ успешни организатори на Интернационална конференција за туризам

Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика се покажаа како одлични организатори на Интернационалната конференција за туризам – култура, гастрономија, вино, алтернативни форми на туризам.

Оваа конференција се одржа од 4 до 6 ноември во Скопје, а на неа имаше два дела – првиот со предавања од еминентни професори од Балканот и од Европа, а вториот работилница, во која студентите од ФТБЛ заедно со своите колеги од Хрватска, Црна Гора и Србија готвеа традиционални македонски јадења. На сесиите на конференцијата свои предавања имаа Џејмс Кенели и Род Дејвидсон од Велика Британија, кои ја покажаа конекцијата помеѓу културата, виното и гастрономијата со бизнис патувањата, потоа Тиаго Фереира од Бразил на тема „Бразилските туристи – можност за Балканот“, а своја презентација имаше и претставник на винаријата „Попова кула“.

Во практичниот дел од конференцијата, студентите од ФТБЛ, Подгорица и Шибеник заедно готвеа традиционални македонски јадења, со што гостите од другите држави се запознаа со македонската кујна како дел од туристичката понуда на Македонија. Во рамките на програмата на конференцијата, учесниците имаа можност да разгледаат и дел од туристичките локалитети во Скопје. Во целата организација на конференцијата студентите имаа полна поддршка од стручниот кадар на ФТБЛ – продеканот Дејан Методијески, деканот Никола Димитров и професорите Оливер Филиповски и Нако Ташков.

Видео

Последен пат изменето на Среда, 09 Ноември 2016 15:41
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…