- Ние ја презентираме целата листа на програми кои ги нуди Американската амбасада, а со мене е и американски Фулбрајт сколар, д-р Пол Коко, кој ќе зборува за значењето на овие програми за студентите и за учениците. Стипендиите што ги нуди Американската амбасада ги покриваат сите трошоци, што значи родителите и студентите не плаќаат ништо од свој џеб. Денеска ние зборуваме за програмите кои се за средношколците – Јес програмата, Бенџамин Френклин програмата, од минатата година имаме нова програма за студенти кои се на додипломски студии и кои можат еден семестар да студираат во САД. Во моментов, исто така, е објавен Конкурсот за членови на невладиниот сектор, за новинари, има програми кои се за постдипломски студии, за специјализирање, па и за докторски студии, што значи нема сегмент од образовниот или професионалниот сектор кој не е опфатен со стипендиите што ги нуди Американската амбасада – изјави Илјази.
Можности за размена и студирање во САД
- - Ное 10, 2016
Американската амбасада во РМ преку своите програми од сферата на образованието им нуди одлични можностите на студентите и средношколците во Република Македонија дел од својот образовен процес да го реализираат во САД. Дел од тие можности пред заинтересираните студенти и средношколци презентираше Газменд Илјази, одговорен за образование, кој изјави дека интересот за овие програми, посебно за Фулбрајт програмата, е најголем токму од студентите и од средношколците:
Одбележен под