(Видео) Соработка меѓу Факултетот за информатика и „Космик девелопмент“

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ и компанијата „Космик девелопмент“ - Скопје остварија првични контакти, кои треба да резултираат со потпишување на меморандум за соработка, од кој корист би требало да имаат и студентите и факултетот.

’Космик девелопмент’ е компанија која се занимава со веб девелопмент и досега има канцеларии во Скопје и во Битола“, изјави Александра Вучковска од „Космик Девелопмент“.

Идејата е да оствариме соработка помеѓу нашата компанија, која има 80 вработени и има канцеларии во Скопје и во Битола, и Факултетот за информатика при УГД. Сега направивме првичен контакт и разменуваме првични идеи за можни начини на соработка, како праќање на стручњаци од пракса, визитинг професори, работење на заеднички проекти, каде што менторството би дошло од нашата фирма, заедно со некои од професорите и студентите на факултетот, сѐ до можноста во зависност од она што ќе го понуди пазарот да отвориме и наше претставништво во Штип. Секако сме заинтересирани и за можноста за работа на студентите по завршувањето на студиите, зависно од начинот на соработката што ќе ја оствариме, и од потенцијалот за развој на нашата фирма во Штип. За студентите тоа ќе значи дека ќе можат да се вработат во фирма која нуди можности за професионален, но и личен развој тука, во нивниот град, претпоставувам дека и за градот Штип ќе значи отворање на нови работни места и малку развој и размрдување на економијата“.

За Факултетот за информатика ваквата соработка нуди убави можности, посебно во делот на пракса за студентите, кој е секако многу важен.

„Засега ги разгледуваме можностите за соработка, но морам да го изразам своето задоволство што сме на прагот за склучување на договор за соработка, со кој ќе има можност за практична работа на студентите која секогаш недостасува, понатаму ќе има можност и за вработување, како и за одржување предавања од стручњаци од пракса, и тоа за предметите поврзани со интернет апликации, мобилни апликации, апликации за електронска комерција. Тие понудија нивните вработени да бидат ментори на дипломските работи кои ќе бидат изработени од нашите студенти“,  изјави проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде, декан на Факултетот за информатика.

Инаку, иницијативата за соработка доаѓа од поранешни студенти на Факултетот за информатика, кои сега се дел од компанијата „Космик девелопмент“.

Последен пат изменето на Петок, 18 Ноември 2016 16:03
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…