Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи

Твининг проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ во рамките на Министерството за образование и наука организира три еднодневни работилници за кариерни центри во текот на следната недела во Штип (вторник, 29 ноември), Скопје (среда, 30 ноември) и во Битола (четврток, 1 декември).

Работилниците ќе ги водат тројца експерти од Обединетото Кралство и од Франција кои ќе ги споделат своите искуства од областа на кариерните центри на универзитетите во Франција и во Северна Ирска, со посебен акцент на можностите за самофинансирање на овие центри. Целта на проектот е  да ја поддржи врската помеѓу високообразовните институции и пазарот на труд за да го подобри квалитетот на високото образование од аспект на дипломците и работодавачите.

На работилницата се поканети и добредојдени претставници од универзитетите/факултетите кои работат во центрите за кариера, лица кои се занимаат со студентска практика или оние кои сакаат да воспостават кариерен центар во нивната институција, како и претставници од приватниот и од јавниот сектор, на пример вработени во локалните општини и/или агенции за вработување.

Во Штип, работилницата ќе се одржи во ВИП салата во Универзитетскиот ресторан, во вторник - 29 ноември 2016 год., со почеток во 10  часот. Во реализацијата на овој проект се вклучени Министерството за национално образование, високо образование и истражување – Меѓународен центар за педагошки студии на Франција, Министерството за образование и наука на Р. Македонија и Министерство за вработување и учење – Прекуморска соработка на Северна Ирска.

Последен пат изменето на Петок, 25 Ноември 2016 14:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…