Секој вторник во кабинетот за нега на болен на Факултетот за медицински науки ќе се одржуваат обуки за студентите на медицна и студентите од стручните студии. Целта е студентите да совладаат некои медицинско-апликативни техники кои ќе им бидат потребни при вршењето на нивните работни задачи како дипломирани здравствени работници. Обуката ќе се спроведува со групи од десет студенти, со цел истите полесно да ги совладаат овие техники во здравствената дејност. Обуката ќе ги опфати следните тематски наслови:
- Parenteral application of drugs,
- Peripherial intravenous cannulation,
- Urethral catheterization (male, female) и
- Кардиопулмонална реанимација.
За успешно завршените обуки студентите ќе се здобијат со соодветни сертификати. Обуките ги врши проф. д-р Гордана Панова.