(Видео) ФТБЛ на Интернационален конгрес во Нови Сад

Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика викендов од 25 до 27 ноември 2016 година учествуваа на третиот Интернацинонален конгрес на студенти на туризам и хотелски менаџмент, кој се одржа во Нови Сад, Р.Србија. Освен официјалниот дел, студентите имаа можност да ги разгледаат и знаменитостите на Нови Сад и туристичките капацитети.

Официјалниот дел од Конгресот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад, во чиј состав работи Факултетот за туризам, а работата беше поделена во три пленарни сесии. Првата беше посветена на фестивалскиот туризам, а предавачи беа Јасна Поточник-Таплер од Универзитетот во Марибор, Р. Словенија, Роб Дејвидсон од MICE Knovledge во Лондон, Душан Ковачевиќ, директор и основач на Exit festival во Нови Сад и Алан Џепсон од Универзитетот во Хердфоршир, Велика Британија.

Тие говореа за влијанието и придонесот на фестивалите во промовирањето на градовите и збогатувањето на туристичката понуда, а со тоа и ефектот од туризмот. Инаку, дел од предавачите се задржаа и на податокот дека Нови Сад ќе биде европска престолнина на културата во 2021 година.

Веб-маркетинг туризам беше темата на втората пленарна сесија, а на оваа тема говореа Мартина Анџелковиќ од „Мајка дел мадре“ во Белград, Димитриос Бухалис од Универзитетот во Борнмаут, Велика Британија и Игор Гримша од „Дегордиан“ во Белград.

Последната сесија беше посветена на новите концепти во хотелскиот менаџмент, а за овој дел предавачи беа Ирина Томиќ од Хотел „Будва“ во Хрватска и Радослав Обрадовиќ од „The Dorchester“ во Лондон.

Видео

Последен пат изменето на Вторник, 06 Декември 2016 11:08
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…