Центрите за кариера значат можност за развој на универзитетот и за развој на општеството. Ако имате добри кариерни центри ќе има можност за развој и полесно вработување на студентите и можност тие да не се иселуваат од државата и да останат овде и да ја градат својата кариера. Потребно е да се изменат и студиските програми на тој начин што ќе бидат порелевантни со пазарот на трудот и воедно да се вмрежат. Добро е да се искористат најдобрите меѓународни пракси изјави Франсис О Хара експерт од оваа област од Северна Ирска.
Експеритте кои денес беа на Универзитетот „Гоце Делчев“ и ја одржаа оваа трибина се дел од проектен тим од Британија, Франција и Ирска за развој на центрите за кариера. Инаку целиот проект е дел од Твининг проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ во рамките на Министерството за образование и наука. Преку проектот се организираат три еднодневни работилници за центри за кариера во Штип, Скопје и во Битола.
Галерија
Видео