ФОН организираше предавање за емоционалната интелигенција и стресот

По покана на Факултетот за образовни науки при УГД, еминентниот лекар професорот Методи Чепреганов и Теодора Костовска, учителка во „Art of Living“, одржаа предавање поврзано со стресот и емоционалната интелигенција. Изненадувачки огромен број на публика пристигна во свечениот амфитеатар на Правниот факултет денес и присуствуваше на предавањето на овие еминентни предавачи. Докторот Чепреганов истакна дека интересот е голем затоа што темата е вечно актуелна и дека стресот е нешто коа е од исклучително значење за нашето здравје.

Ќе зборувам за темата стрес, која е многу актуелна низ сите векови. Нема поголема повреда во нашиот организам од онаа што може да ја предизвика стресот. Сите други фактори се актуелни, но стресот е најактуелен. Во наносекунди стресот може да нѐ возбуди и да предизвика физички реакции изјави професорот Чепреганов.

Теодора Костовска од „Art of Living” зборуваше за емоционалната интелигенција и како да се справиме со емоциите.

Практично, она за што денес ќе зборуваме е нашиот личен однос кон нештата кои ја креираат ситуацијата односно внатрешната состојба. Од внатрешната состојба зависи како ние ќе реагираме или ќе се однесуваме. Во доменот на емоционалната интелигенција е многу важно човек да ги препознае емоциите уште во нејзиниот зародиш, да ги процесира и на адекватен начин да даде одговор истакна Теодора Костовска.

Целиот настан беше во организација на Факултетот за образовни науки и професорот д-р Кирил Барбареев, кој истакна дека на оваа трибина се присутни студенти и професори од многу факултети при УГД.  

Идејата е студентите во текот на своите студии да стекнат една култура на користење на овие информации за тоа што ни се случува во текот на денот. Дел од предавањето е многу корисно за студентите на Факултетот за медицински науки, но ова предавање е корисно и за останатите присутни. Гледаме дека има голем број заинтересирани студенти, но и граѓани изјави проф. д-р Кирил Барбареев.

Заклучокот на предавањето беше во насока дека може да се менаџира стресот и да се научи како да се контролираат емоциите. Сите присутни, кои беа во огромен број, се задоволни од она што имаа можност да го слушнат.

Последен пат изменето на Среда, 07 Декември 2016 16:38
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…