При посетата двајцата ректори разменија информации за можностите за воспоставување на соработка за размена на студенти и професори, како и за учество во заеднички научни проекти. УГД секогаш е отворен за соработка со универзитети во Европа и во светот, што се покажува и преку бројните меѓусебни договори кои ги има потпишано Универзитетот со други високообразовни институции.
Универзитетот во Загреб е една од најстарите и најдобрите високообразовни институции во Хрватска. Оваа година тие слават 347 години од своето основање, а со своите 70.000 студенти овој Универзитет прима околу 50% од сите студенти во Хрватска.