Меморандумот го потпишаа деканот на Факултетот за информатика, проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Сашо Димитријоски.
Заедничката соработка Факултетот и Агенцијата ќе ја остваруваат со учество во заеднички проекти, обуки, обезбедување на експертиза, заедничко учество на настани, конференции, семинари, работилници од областа на компјутерската и мрежната безбедност, сајбер безбедноста и електронските комуникации.