Ние како Универзитет го носиме името на Гоце Делчев. Традиционално се вклучуваме во одбележувањето на овој ден и тоа е една традиција со која сакаме да покажеме дека гордо го носиме ова име на еден од најголемите македонски револуционери во делот на националното осознавање и државност. Мислам дека ова е добра можност да се потсетиме на неговото дело и да изразиме чест и благодарност за она што е направено во минатото за Република Македонија. Мислам дека како Универзитет добро ја одржуваме традицијата на сеќавање на Делчев, со сите активности во насока на промоција на образованието, науката и добро ја продолжуваме традицијата на учителствувањето на Делчев во Штип. Со тоа што правиме добро образование и добри студенти во вистинска насока и смисла го почитуваме делото на Гоце Делчевизјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, по полагањето цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце Делчев
145 години од раѓањето на Гоце Делчев