Во рамките на овој проект се одржа работилница на тема „Одбори за доверба и соработка со јавноста на факултетите/универзитеттите“.
Ова е проект кој е за подобрување на соработката помеѓу универзитетите, приватниот сектор и општините. Денеска одржуваме работилница која ќе ја разгледа работата на Одборите за доверба и соработка со јавноста, ќе споделиме наше искуство со претставниците од овие тела кое е поврзано со подобрување на соработката на универзитетите и јавниот сектор за подобрување на економијата, студиските програми, со цел дипломците да можат да најдат соодветни вработувања по завршувањето на факултетотизјави Хедер Казнс, лидер на овој твининг проект и заменик-министер за вработување и учење на Северна Ирска
На работилницата учествуваше и Џоан Стјуарт, краткорочен експерт и директор за развој на Каталист центарот за иновација во Белфаст, Северна Ирска, како и претставници од Универзитетот, локалната самоуправа, бизнис секторот.
Вредноста и резултатите од овој проект ќе придонесат за зајакнување на капацитетите и отвореноста на институцијата, бидејќи станува збор за создавање на систем во кој покрај вработените во институцијата, во донесувањето на одлуките ќе можат да учествуваат сите засегнати страни, односно таму каде што студентите по завршување на студиите ќе можат да се вклучат на работни места. Денес станува збор за една многу поширока рамка на вклучени страни, претставници од општината, приватниот сектор, стопанска комора, од други универзитети. Целта е нивното вклучување да даде придонес во подобрување и креирањето на студиските програми со цел зајакнување на капацитетите и поблиска соработка со тие институции. Затоа се создадени тие одбори за доверба во јавноста, каде што преку одредени искуства на вакви работилници, преку посети во Франција и во Велика Британија, голем дел од универзитетите ќе ги добијат тие искуства и ќе се создадат тие капацитети кои, за жал, во изминативе години се говореше дека ги немаме, дека се затворени овие институции, дека нема соработка со приватниот сектор. Еве сега институциите се отвораат, се шири таа рамка, и се надеваме дека тоа ќе даде еден друг импулс во креирањето на компетенциите на студентитеизјави доц. д-р Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД
Твининг проект - УГД