„Ораторска вечер“ по седми пат – пријавување до 1 март

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Клубот на оратори „Rostra vetera” го најавуваат новото издание на манифестацијата „Ораторска вечер“.

По седми пат, под мотото „Размислувај гласно“, студентите на УГД ќе можат да ги претстават своите ораторски способности и да ја покажат својата креативност. Јавниот повик за пријавување на заинтересираните студенти за учество на оваа манифестација е веќе објавен, а пријавувањето ќе трае до 1 март 2017 година. Студентите можат да се пријават кај професорите Димитар Апасиев и Елена Иванова, како и на Фејсбук профилот на Клубот на оратори „Rostra vetera“.

Седмата ораторска вечер на Правниот факултет ќе се одржи на 31 март 2017 година.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…