Едукација на децата како да бидат туристи

Преку  едукативни и забавни игри, презентации и симулација на настани од областа на туризмот професорите од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД им ги пренесоа на дечињата основните знаења и информации за туризмот со цел подигнување на културата на однесување на децата како туристи.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „Децата во улога на туристи и туристи-претприемачи -  Ајде да бидеме туристи”, а ФТБЛ активностите ги реализираше во Детската градинка ЈОУДГ „Детска радост” во Гевгелија.

Во проектот, кој е финансиран од Министерството за економија на РМ, активно учество земаа околу 80 деца од предучилишна возраст. Активностите се спроведоа од страна на доц. д-р Марија Магдинчева-Шопова, раководител на проектот и проф. д-р Никола Димитров, декан на ФТБЛ.

Покрај тоа децата изработија и различни цртежи на тема „Ние како туристи на одмор со родителите“. 

Последен пат изменето на Петок, 24 Февруари 2017 11:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…