(Видео) Промовиран прирачник за наставници

Во просториите на Факултетот за образовни науки денес беше промовиран Прирачникот за традиционални и современи игри „Играв јас, сега играј и ти“.

- Издавачката куќа „Просветно дело“ заедно со Факултетот за образовни науки при УГД направи заеднички проект и го издадовме овој прирачник. Ова издание претставува соединување на теоријата и праксата - изјави Ксенија Трајчева, одговорен уредник во Детската редакција на „Просветно дело“.

Прирачникот е дело на професорката Снежана Мирасчиева од Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и на педагогот Елизабета Симоновска од Детската градинка „Астибо“ во Штип.

- Овој прирачник настана како резултат на долгогодишната соработка меѓу ФОН и детсктите градинки, во овој случај Детската градинка „Астибо“ во Штип. Направивме спој меѓу теоријата и практиката со цел да се спротивставиме на заборавот и нашите традиционални игри да ги ставиме во функција на воспитување на младата детска личност - изјави проф. д-р Снежана Мирасчиева, една од авторките на прирачникот.

Авторките велат дека овој прирачник ќе биде наменет за сите наставници и воспитувачи во предучилишна возраст.

- Прирачникот содржи игри кои се наменети за правилен раст и развој на дечињата. Има игри за развојот на телото со подвижни игри, но и за развојот на говорот и збогатување на нивниот вокабулар - изјави авторката Елизабета Симоновска.

Промоторката на прирачникот изјави дека ова дело има огромна едукативна вредност и дека ова ќе биде значајно за сегашните, но и за идните генерации.

- Ова ни овозможува да ја зачуваме традиционалната игра и да се исклучиме од дигиталниот свет и децата да се препуштат на детското во нив. Се надевам дека со оваа книга децата ќе ги играат игрите што ги играле нашите предци - изјави проф. д-р Снежана Јованова-Митковска од Факултетот за образовни науки.

Прирачникот денес предизвика огромен интерес кај наставниците во детските градинки во Штип.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…