Одбојкарите на „УГД студент“ ја победија по вторпат екипата на „Борец“ од Велес со 3 : 1 во сетови. Првата средба „УГД студент“ ја победи со 3 : 2. Со оваа победа машката екипа на УГД се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија што претставува извонреден успех.
За полуфиналните натпревари ќе следува ждребување, по што кон крајот на март ќе се знае кој ќе биде противникот на екипата на „УГД студент“.