Венко Андоновски – „Достоевски и Мек Доналдс“

Филолошкиот факултет денеска дава свој придонес во чествувањето на нашиот патронен празник, 10 години од постоењето на УГД. Имаме чест да ви го претставиме светски познатиот, а сепак наш, Венко Андоновски. Мислам дека неговото име доволно говори кој е тој“, го најави деканката на Филолошкиот факултет доц. д-р Драгана Кузмановска гостувањето на професорот и писател Венко Андоновски пред студентите на Филолошкиот факултет и на останатите факултети на УГД, учениците од штипските училишта, како и другите заинтересирани штипјани.

За предавањето на Андоновски неговата колешка проф. д-р Виолета Димовска изјави:

Сакам да го изразам своето задоволство, како поранешна, а и сегашна колешка на професорот Венко Андоновски, со кој долги години заедно работевме на Катедрата за македонска книжевност во Скопје, и задоволството е уште поголемо што тој денес доаѓа како резултат на една осмислена активност на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД. Ние претходно имавме гости од Институтот за македонски јазик, потоа од Катедрата за македонска книжевност, проф. д-р Кристина Николовска, пред тоа ни гостуваше проф. д-р Силвана Симовска од Катедрата за германски јазик, потоа Снежана Велковска од Институтот за македонски јазик, а еве денеска ја имаме честа да ни биде гостин професорот Венко Андоновски. Јас го претставувам како професор, иако на сите вас ви е познат како писател, како колумнист, но ние сме среќни што денес ќе го имаат задоволството и студентите и учениците од гимназијата, се надевам наши идни студенти, да  слушнат како предава професорот Венко Андоновски. Верувајте ќе уживаат, бидејќи студентите во Скопје уживаат.

Професорот Венко Андоновски изрази задоволство од можноста да предава пред студентите и средношколците од Штип, како и од можноста за убава соработка помеѓу универзитетите:

Мене ми е посебно драго да учествувам на оваа наша сесија или предавање  на тема „Достоевски и Мек Доналдс“, каде што сакам да фрлам поглед на тоа како се вкрстуваат западната и источната книжевност, судирот на глобализацијата и локалните книжевности,  односно што денес подразбираме под книжевност. Мора да ви кажам дека сум почестен од поканата и на двете професорки, со професор Димова ние долги години работевме на Катедрата за книжевност во Скопје и одлично се познаваме. Многу е убаво кога од сите тие знаења кои ние со години ги наталожуваме ќе остане и еден пријателски однос, кој работи во полза на соработка меѓу двата универзитети, односно на зголемување на тоа знаење.

 

Последен пат изменето на Среда, 22 Март 2017 08:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…