(Видео) УГД на Денови на образование и кариера

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и годинава со свој штанд е присутен на Денови на обрaзование и кариера, кои се одржуваат од 6 до 8 април, на Скопски саем.

Заинтересираните средношколци и сите останати граѓани кои ќе ја посетат оваа манифестација ќе можат да ги добијат сите потребни информации поврзани со можностите за студирање што ги нуди УГД, и тоа како од промотивниот материјал што ќе го добијат, така и во директен контакт со професори, асистенти, но и со студенти на УГД. Во рамките на Денови на образование и кариера ќе се одржат и други манифестации, а во рамките на нив своја ревија ќе има и Технолошко-технички факултет при УГД. Програмата на овогодишните Денови на образование и кариера е збогатена и со многу трибини со теми од образованието и културата. Истовремено со Денови на образование и кариера на Скопски саем се одржуваат и Саем на книгата и Саем на туризам.

Последен пат изменето на Петок, 07 Април 2017 16:07
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…