За време на престојот тој ќе биде дел од програмите за бизнис администрација на Департманот за менаџмент, каде што во тесна соработка со проф. Симоне Доменико Скањели ќе одржи предавања и семинари поврзани со логистиката и финансиите. Тој ќе ги претстави предметите Логистика и Меѓународна трговија (дел од Програмата за менаџмент и претприемништво) и Финансиски извештаи (дел од Програмата за бизнис администрација).
Програмите за визитинг професор се специфична форма на трансфер на знаење, која опфаќа запознавање со културата и начинот на живот на луѓето, како и презентирање на можноста за идна соработка во соодветната научна област. Всушност, ова е одлична можност за претставување на УГД на меѓународната сцена.