Ректорот Боев прими Благодарница за успешна соработка со МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите одбележa јубилеј 50 години од формирањето - МАНУ е основана на 23 февруари 1967 година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески.

На свечената академија што се одржa по тој повод се обратиja претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

Во рамките на одбележувањето, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, му додели Благодарница на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за долгогодишната плодна и успешна соработка. Благодарницата ја прими ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…