Во знак на спомен на ослободителите и на значајниот датум од македонската историја, цвеќе на споменикот положи и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев.
Празникот и 76 години од почетокот на антифашистичката борба се одбележа и во Прилеп, каде што цвеќе пред Могилата на непобедените и спомениците на паднатите борци положи проф. д-р Винета Сребренкоска, деканка на Технолошко-техничкиот факултет при УГД.