(Видео) УГД ќе ги ослободи од партиципација најдобро рангираните кандидати на првиот уписен рок

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со бизнис секторот ќе додели 105 стипендии на најдобрите кандидати кои ќе конкурираат на годинашниот Конкурс за упис на нови студенти.

Би сакал да ги информирам нашите идни студенти кои сакаат да аплицираат за запишување на УГД дека на сите единици на Универзитетот се обезбедени стипендии за прва година за најдобрите средношколци кои ќе бидат најдобро рангирани на ранг-листите при запишувањето. Стипендиите се доделуваат од фондот за иновации и фондот за соработка со бизнисот и станува збор за средства кои ги обезбедуваат компаниите во Република Македонија   изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Стипендиите се распоредени зависно од големината на факултетот. Според одлуката на Универзитетот, бројката на стипендии е следна по факултети:

  • Факултет за медицински науки – партиципација за најдобрите 13 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Земјоделски факултет – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Факултет за природни и технички науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма Геологија и за најдобрите 5 рангирани кандидати на студиската програма Рударство на Конкурсот за упис на студенти;
  • Економски факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Правен факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Факултет за туризам и бизнис логистика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Филолошки факултет – партиципација за најдобрите 8 рангирани кандидати на конкурсот за упис на студенти;
  • Електротехнички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Машински факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Технолошко-технички факултет – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Факултет за информатика – партиципација за најдобрите 10 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Факултет за образовни науки – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Ликовна академија – партиципација за најдобрите 3 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти;
  • Музичка академија – партиципација за најдобрите 5 рангирани кандидати на Конкурсот за упис на студенти.

Стипендиите ќе се доделуваат по автоматизам за најдобро рангираните студенти и тие не треба да аплицираат за нив.   

Последен пат изменето на Петок, 29 Јуни 2018 08:40
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…