Предавањата ќе се одржуваат во салата во Општина Штип со почеток во 19 часот, а влезот е бесплатен. Предавач е м-р Владо Хавран, кој магистрирал на Факултетот за политички науки, отсек Културологија на Белградскиот универзитет. Тој е и уредник на најстариот магазин за здрав живот на Балканот и основач на здруженијата „Живот и здравје“. Во поединечните прадавања, Хавран ќе се задржи на прашањата: Дали постои формула за среќен и исполнет живот? Што е вистинска среќа, а што не е? Дали хедонизмот е вистинскиот пат? Поврзаноста на професионалното реализирање, напредокот и богатството со среќата...