(Видео) Уредничка на „Вашингтон пост“ одржа работилница за истражувачко новинарство на УГД

Уредничката и новинарка на угледниот американски весник „Вашингтон пост“ Миранда Спивак одржа работилница за истражувачко новинарство за студентите на УГД.

Спивак им пренесе знаења за тоа како да истражуваат одредена новинарска приказна или како да дојдат до информации кои владите сакаат да ги скријат од новинарите.

  • Најважно во истражувачкото новинарство е да не верувате никому и секоја информација да ја проверите. Ние во САД на шега велиме ако вашата мајка ви каже дека ве сака, проверете го тоа. За новинарите најважно е да ги проверуваат сите вести и сите извори на информации. Било кој владин извор треба да се провери. Новинарството е клучно за развојот на демократијата, колку поразвиено новинарство толку поразвиена демократија - вели Спивак.

Миранда Спивак моментално работи како професор на Универзитетот „Де Пау“ во Индијана, САД, а во Македонија е како стипендист на програмата Фулбрајт. Воедно таа е истражувачки новинар во независниот центар за истражувачко новинарство „Reveal”. Спивак е добитничка на бројни престижни новинарски награди, а долго време била уредник и новинар во весникот „Вашингтон пост“.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ е по покана на уредникот на Универзитетското радио и ТВ на УГД, м-р Игор Стојанов и на проф. д-р Страшко Стојановски од Правниот факултет. Универзитетското радио и ТВ реализираа и интервју со Миранда Спивак кое може да се погледне во продолжение. 

 

Видео

Последен пат изменето на Среда, 03 Април 2019 10:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…