Потпишан Договор за соработка со Универзитет во Осиек, Хрватска

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип, проф. д-р Блажо Боев, вчера потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за воспитни и образовни науки од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек.

Ректорот Боев при вчерашното потпишување истакна дека овој договор се однесува за соработка меѓу штипскиот Факултет за образовни науки и Факултетот за воспитни и образовни науки во Осиек. Штипскиот универзитет веќе има соработка со Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, и тоа меѓу факултетите за медицински и земјоделски науки. Размена на наставнички кадар и студенти веќе имаат во рамките на меѓународните проекти и програмата „Еразмус плус“.

Деканот на Факултетот за образовни науки во Осиек, проф. д-р Дамир Батановиќ, вели дека овој договор значи и зајакнување и привлекување нови студенти во рамките на европските проекти, како и искористување средства од фондовите на ЕУ.

– Ова е прва наша соработка, но универзитетите во Штип и во Осиек веќе имаат соработка околу десет години - вели Батановиќ.

Деканката на Факултетот за образовни науки при УГД – Штип, проф. д-р Соња Петревска, истакна дека соработката е значајна со оглед на тоа што Хрватска е членка на ЕУ, а двете страни има што да понудат во делот на искуствата и знаењето за едуцирање на идните наставници и воспитувачи.

Во рамките на заедничките активности, проф. д-р Ивица Келам од Факултетот за воспитни и образовни науки во Осиек денеска пред штипските студенти одржа предавање на тема „Биоетичкото образование: состојби и перспективи во Хрватска“.

Последен пат изменето на Петок, 10 Мај 2019 08:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…