Глобалната недела на претприемништво е прослава на иноваторите и креаторите на работни места во 170 земји од над 15.000 партнерски организации кои промовираат стартапи кои носат идеи, водат економски раст и ја прошируваат човековата благосостојба.
Во вторник (19 ноември 2019 г.) во свечената сала на Правниот факултет во 11.00 часот ќе се одржи панел-дискусија „И стартап е опција“. Учесници на панелот се: проф. д-р Дејан Мираковски (проректор за развој, инвестиции и одржување на УГД), м-р Кшиштоф Малицки (советник на ректорот на Политехничкиот универзитет Гдањск за комерцијализација на интелектуална сопственост), д-р Игор Андреев („Х фактор акцелератор“) и Марио Мирсинов (претприемач од Велес).