Се претставив со маст за лекување на егзема со екстракт од ајдучка трева, а исто така го претставив и лосионот што се користи паралелно со маста за да се подобри ефектот.вели Билјана Велјановска
Таа студира на Факултетот за медицински науки при УГД, на студиската програма Фармација. Билјана Велјановска вели дека професорите и асистентите ѝ се од голема помош и ја поддржуваат. Таа и во иднина планира да работи на свои иновации од областа на алтернативната медицина.