Филмот кој пред речиси два месецa започна да се снима во Скопје е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи останува без сопирачки.
Од Македонија во снимањето на филмот се вклучени 180 статисти и над 280 возачи за сцените со метеж од автомобили. Француската екипа, пак, за потребите на филмот донесе соодветна опрема и четири возила во кои е вградена најсовремена технологија за снимање на терен.
Студентите на Филмската академија беа презадоволни од ова несекојдневно искуство, а од Академијата најавуваат дека ваквите практични искуства за студентите се од големо значење и дека во наредниот месец студентите ќе учествуваат уште на две филмски снимања, на краток игран филм во Скопје и на долгометражен игран филм во Струмица.