Се надградува соработката на УГД и Техничкиот универзитет во Кошице

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Техничкиот универзитет во Кошице, Словачка, потпишаа Договор за соработка кој претставува продолжување на една одамна воспоставена соработка, уште на ниво на некогашниот Рударско-геолошки факултет.

Договорот го потпишаа ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев и деканот на БЕРГ факултетот во Кошице, проф. д-р Михал Цехлар. Притоа ректорот Боев изрази задоволство од досегашната соработка и најави нови проекти:

Ова е една соработка која подолго време се спроведува и артикулира преку Факултетот за природни и технички науки, порано и со Рударско-геолошкиот факултет, којашто деканот на ФПТН, Зоран Десподов, ја води со Техничкиот факултет во Кошице, Словачка. Главно, станува збор за соработка којашто се однесува на минералните ресурси, експлоатацијата на ресурсите, екологијата, индустриската логистика, управувањето со системи кои се важни во рударството и екологијата. Оваа соработка за нас е исклучително важна и ние ќе ја поддржуваме до крајни граници и понатаму, бидејќи станува збор за еден од четирите најдобри универзитети во Словачка. Од тој аспект гледано, за нас како Универзитет е исклучителна привилегија и затоа разговаравме да работиме на заеднички проекти преку ЕУ, бидејќи тие се членки на ЕУ и тоа е една важна активност што ќе ја реализираме и понатаму.изјави ректорот проф. д-р Блажо Боев

Од страна на Факултетот за природни и технички науки при УГД, соработката ја координира деканот проф. д-р Зоран Десподов, за кого соработката има повеќе предности:

Договорот предвидува соработка на повеќе полиња, тргнувајќи од научноистражувачката работа, апликативната работа, размената на професори и студенти, како и други полиња. Соработката датира од поодамна, иницијатор за таквата соработка беше професорот Јан Борошка од Факултетот за рударство и геологија на Техничкиот универзитет во Кошице и ние учествуваме во заеднички научноистражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука, тие членуваа во комисии за одбрана на докторати. Денес имаме наш студент преку програмата „Еразмус плус“ на Индустриска логистика на Факултетот за рударство и геологија, каде што слуша и полага предмети на трет семестар. Така што, се надевам, соработката ќе продолжи на меѓународни проектиизјави проф. д-р Зоран Десподов

Деканот на БЕРГ факултетот, проф. д-р Михал Цехлар, најави нови апликации за научноистражувачки проекти финансирани со средства од ЕУ:

Соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“ и досега е одлична, очекуваме само да ја подобруваме. Има одлични можности за реализација на разни проекти, финансирани од средства од ЕУ, и исто така сакаме заеднички да аплицираме за одредени проекти. Oваа  средба е само прв чекор со кој започнуваме да бараме заеднички активности со кои ќе можеме да аплицираме за научноистражувачките проекти.изјави проф. д-р Михал Цехлар
Последен пат изменето на Среда, 11 Ноември 2015 09:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…