Студентите се едуцираа за сајбер заштита

Во чест на месецот за поттикнување на свеста за заштита на интернет/ сајбер заштита, кој се прославува секоја година во октомври, Американското катче во Штип организираше настан со Факултетот за компјутерски науки при Универзитет „Гоце Делчев“.

За оваа пригода говорник беше Дејвид Пенуел,  дипломат од Амбасадата на САД во Р. Македонија, кој работи во Одделот за менаџмент информациони системи. Студентите од трета и четврта година имаа можност да научат повеќе за трите основни начини кои ги напаѓаат системите или мрежите: преоптоварување, манипулација со податоци и преземање на податоци.

Говорникот потенцираше дека криминалот што постои во реалниот живот со постоењето на интернетот се олеснува. Во оваа категорија беа спомнати трговијата со луѓе, измама со кредитна картичка, кражба на идентитет и проневера. За крај беа споделени некои совети за заштитта на интернет, како што се силни лозинки и кориснички имиња, редовна промена на истите, да не се користи истата е-адреса (мејл) и лозинка за повеќе сајтови, постојано да се надградува софтверот и, секако, консултација со ИТ професионалци.

 

Последен пат изменето на Среда, 28 Октомври 2015 14:56
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…