Визуелизација на правото – предавање на Александра Девендра на Правниот факултет

Продолжува серијата предавања на експерти од областа на правото пред студентите од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Денеска (петок, 30.10.2015 година) предавање за користењето на модерен графички дизајн за унапредување на правната пракса одржа Александра Девендра, адвокат и консултант од САД.

- Мојата презентација денес е да ја доближам техниката за визуeлизација во правото со цел да се подобри разбирањето на правото и функционирањето на правниот систем. Првпат сум во Македонија и овде сум околу една седмица. Се сретнав со студенти од неколку правни факултети и навистина е одлично искуство, затоа што студентите се оние кои ќе ги користат овие практики во иднина. Очекувам да имам добар дијалог со студентите и да ги научам некои практични техники кои можат да ги користат во текот на своето студирање.изјави Девендра, која е специјалист од областа на визуелизација на правото

Последен пат изменето на Петок, 30 Октомври 2015 14:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…