Со физика од Македонска Каменица до Мумбаи

Сте помислиле ли дека ако сте одлични по предметот Физика може да ве однесе во Индија? Дури петмина ученици од Македонија го доживеале тоа. Неодамна во Мумбаи се одржа Меѓународната олимпијада во областа на физиката, каде што учествуваа 390 учесници од 86 држави. BYN успеа да контактира со македонскиот претставник Филип Митровски од Македонска Каменица.

- Подготвувањето не беше со поголем интензитет последниот месец, но потребно е континуирано учење. Вообичаено додека одев средно училиште бев дел од натпреварите по физика организирани на локално, регионално и државно ниво.

Не постојат тешкотии доколку се учи постојано и нема никаква препрека ако некој сака да стигне до посакуваниот успех.

Постојано се подготвував за нив и не ми претставуваше некоја препрека овој натпревар, затоа што јас веќе целиот материјал што беше предвиден за овој натпревар го знаев и со прелистував, немав тешкотии со поставените прашањавели Филип

За да се биде дел од некој натпревар се потребни и финансиски средства. Локалните фирми и општинските самоуправи помагаат да се оствари сонот на успешните ученици.

Најдобар успех од македонските претставници имаше ученикот Дејан Максимовски од Штип, ученик во ПСУ„Јахја Кемал“ - Скопје.

Извор: www.youthnewsroom.net.

 

 

Последен пат изменето на Петок, 30 Октомври 2015 15:40
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…