- Тука сме да го посетиме вашиот Филолошки факултет и професорот Фарук Тезгин од Турција да одржи предавање за писателот Омер Сејфетин. Донесовме двајца угледни професори од Турција. Во склоп на УГД има Катедрата за турски јазик и книжевност и сакаме соработката да ја продолжиме. Овој настан денеска е уште еден доказ дека соработката со УГД ќе продолжи. Сакаме да им се заблагодариме на деканката Драгана Кузмановска, на професорите Махмут Челик и Марија Леонтиќ, како и на професорите кои предаваат на овој факултет.изјави директорот на „Јунус Емре“, Мехмет Самсакчи
- Филолошкиот факултет ќе ја поддржи соработката и ја покажува својата подготвеност за секоја соработка што е во интерес на студентите, како што е и оваа, со оглед на тоа дека на факултетот има Катедра за турски јазик и книжевност. Ние како Филолошки факултет ќе ги поддржуваме сите соработки што ќе ни се најават, а оваа посебно ја цениме, бидејќи Турскиот културен центар „Јунуз Емре“ несебично се нуди за помош за опремување на кабинети, испраќање на видни професори од Анкара, односно за подобрување на наставата на Катедрата за турски јазик и книжевност. Во таа насока денес ни донесе еден почесен книжевник, кој со обраќањето пред нашите студенти ќе ги инспирира повеќе да читаат и да се заинтересираат за книжевните дела од овој вид. изјави доц. д-р Драгана Кузмановска, декан на Филолошки факултет
Директорот на Турскиот центар „Јунуз Емре“ додели книги за библиотеката на Филолошкиот факултет, а од страна на факултетот му беше доделена благодарница за успешната соработка.